Пратениците од опозицијата не се дружеа со министрите

862

Собранието, со поддршка на Националниот демократски институт, воспостави новина во однос на комуникацијата меѓу пратениците и членовите на Владата, па паузата за време на седницата наменета за поставување на пратенички прашања секој последен четврток од месецот, ќе се користи за неформална размена на мислења и информации меѓу пратениците и членовите на Владата на Република Македонија.

Денеска во пауза првпат имаше неформално дружење меѓу министрите и пратениците, но само од владејачкото мнозинство.

„Целта на оваа нова пракса е заемно информирање за актуелните прашања, законските предлози кои се во процедура, со што на непосреден начин би можело да се придонесе до подобрување на законските предлози, а со тоа да се изградат и поефикасни институции во служба на граѓаните“, се наведува во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...