Змија каснала неготинка

323
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Неготинка била касната од змија вчера и вечерта била пренесена на Инфективна клиника, изјави денеска доктор Диме Коцев, директор на Општа болница Кавадарци.

Средовечната жена била касната попладнето, иако носела ракавици, бидејќи, најверојатно работела на нива, но во болницата се јавила во 21 часот.

– Жената ја примивме во болницата, доби серум и на почетокот немаше некои посебни симптоми. Но, по околу два часа имаше визуелни халуцинации. Не сакавме да ризикуваме и во придружба на анестезиолог ја препративме на Инфективната клиника во Скопје, поради можни задоцнети реакции – рече Коцев.

Тој упати апел до населението за внимателност и нагласи дека отровот кај змиите е најсилен во овој период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...