Не е само лош за здравјето, туку и го забрзува стареењето

Во денешниот свет, тешко е да се најде храна која воопшто во себе нема шеќер или некој засладувач.

2301

Сигурно сите знаеме дека шеќерот е најлошиот непријател кога станува збор за здравјето, но што точно му прави на нашиот организам?

Според научните истражувања, шеќерот не само што е лош за здравјето, туку и го забрзува процесот на стареење. Со стресната работа, скапите козметички производи со кои ја негуваме кожата, лошото здравје и забрзаното стареење, зарем не е време да престанеме да консумираме шеќер, ако не целосно, тогаш барем да го сведеме на минимум?

Сепак, во денешниот свет, тешко е да се најде храна која воопшто во себе нема шеќер или некој засладувач. Поради тоа, секој пат кога јадеме нешто слатко, нашиот мозок ја памти таа храна како вкусна и пријатна. По извесно време, и по изедени преголеми количини шеќер, нашиот мозок станува зависен од него. Истата работа се случува и кога консумираме премногу алкохол, пушиме цигари и слично.

Наскоро, мозокот станува толерантен на шеќерот и потребно му е уште повеќе слатка храна. Што значи дека нема да можете без слатки, а што ќе резултира со лошо здравје, забрзано стареење, лоша кожа и слично.

Затоа, сега знаете дека е крајно време внесот на шеќер да го сведете на минимум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...