Сите знаеме за морската сол, повеќето од нас користеле и хималајска сол, а дали знаевте дека постои и благодатна црна сол?
Ако ја вклучите црната сол во вашата редовна исхрана, телото ќе ви биде благодарно. Нутриционистите препорачуваат по една лажичка на ден како додаток во оброците, а ќе забележите и подобрување на здравјето за краток временски период.
Според нутриционистите, црната сол е вистинскиот еликсир за здравјето и убавината, бидејќи придобивките што ги има за организмот се многубројни.
Црната сол се нарекува и индиска, а токму во оваа земја лекарите ја препишуваат на пациенти што имаат висок крвен притисок.
Бидејќи содржи мала количина на натриум, таа не создава опасност од зголемување на крвниот притисок и затоа е многу подобра опција од морската сол. Исто така, се препорачува да ублажување на киселините во желудникот и гасовите во цревата.
Како се добива црната сол?
Се добива од вулканските подрачја на Пакистан и Индија, а се користи во индиската кујна како зачин, кој дава специфичен вкус на јадењата.
Црна сол за слабеење
Поради можноста за разградување на липидите и ензимите, оваа сол е многу ефикасна во намалувањето на масните наслаги. Едноставно заменете ја готварската сол со црната сол и гледајте како килограмите исчезнуваат.
Здравје на косата
Црната сол е одличен сојузник во борбата против опаѓањето на косата. Не треба да правите маски за коса, туку придобивките ќе ги забележите само ако редовно започнете да ја консумирате.
Минералите содржани во неа, ќе влијаат на растот и зајакнувањето на влакната. Покрај тоа, ќе ја направи косата поблескава и погуста.
Нутриционистите препорачуваат да испиете чаша сок од домати еднаш дневно на која ќе додадете една лажица од оваа сол.
Мазна и здрава кожа
Таа е моќен сојузник за здравјето на кожата. Наместо хемиски пилинг, изберете третман со оваа сол кој можете да го изведете и дома.
Додадете малку сол во водата за капење и направете пилинг. Исто така, дејствува како средство за лекување и е особено добра за испукани петици, отечени стапала, какви било изместувања на злогобовите (шинато), а исто така лекува и брадавици.
Направете купка и натопете ги болните стапала во таа вода и оставете болката да исчезне. Најдобро е да користите ладна или млака вода.