Инспекторот кој бараше поткуп од 300 евра може да побегне, обвинител предлага притвор

246

Постапка за кривично дело и барање за притвор за инспекторот од  Управата за јавни приходи-УЈП кој побара поткуп од 300 евра, денеска поведе Основното јавно обвинителство Гостивар за злоупотреба на службена положба и овластување.

Од Јавното обвинителство информираат дека осомничениот инспектор во УЈП – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен субјект во кој извршил контрола и констатирал неправилности.

– Иако оштетениот платил глоба за констатираните неправилности, осомничениот продолжил да му се јавува и да му праќа пораки во кои барал поткуп затоа што не извршил пломбирање на деловниот простор. Оштетениот го пријавил настанот во полиција и на 4 февруари се согласил да се сретне со осомничениот во угостителски објект во Гостивар. Притоа, му предал 150 евра во претходно обележани банкноти – појаснуваат од ЈО.

Барањето за притвор, според нив е поради постоење на околности кои што укажуваат на опасност од бегство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...