Мурињо очекува Кејн во мај да се врати во тимот

76
ФОТО: EPA / GEORGIOS KEFALAS

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека напаѓачот на „Спарс“, Хари Кејн, може да се опорави од повредата на задниот дел од левиот бутен мускул пред крајот на сезоната. Португалецот го очекува Кејн во составот во претпоследното, 37. коло од Премиер лигата.

Претходно во медиумите се појавија информации дека за Кејн е завршена сезоната.

– Хари може да се врати на натпреварот против Лестер на 9 мај. Можеби оваа средба ќе биде важна за нас. Можеби ќе се бориме за 4. место, или за 5., или за 6. Се надевам дека Кејн може да ни помогне на овој меч. Никој не го притиска, тој мирно се опоравува, јас едноставно имам претчувство. На пример, ако размислите за Лорис, тогаш неговото враќање се очекуваше во февруари, а на крајот тој излезе на теренот во јануари, изјави Мурињо.

Во сезоната 2019/20 година, 26-годишниот Кејн има 17 голови и 2 асистенции на 25 натпревари за Тотенхем.

ФОТО: EPA / GEORGIOS KEFALAS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...