За осум до десет месеци ќе се боцкаме против корона вирусот, Русија и Кина работат на вакцина

Денес вакцината не може да се развие за краток временски период, рече Мурашко, додавајќи дека вакцината се развива најмалку осум до 10 месеци и дека тоа подразбира само почетна фаза без клинички испитувања.

522

Русија денеска соопшти дека ќе бидат потребни меѓу осум и 10 месеци за развој на вакцина против коронавирус, изјави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

– Денес вакцината не може да се развие за краток временски период, рече Мурашко, додавајќи дека вакцината се развива најмалку осум до 10 месеци и дека тоа подразбира само почетна фаза без клинички испитувања.

Русија и Кина заеднички работат на развој на вакцина против коронавирусот.

– Руски и кинески експерти почнаа да ја развиваат вакцината, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на рускиот конзулат во кинескиот град Гуангжу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...