Напорите на Кина во контрола на епидемијата на коронавирус се во пресудна фаза и властите мора да го спречат ширењето – изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.
– Владата треба да изнесува точни информации за епидемијата на коронавирусот, а сите шпекулации во врска со болеста ќе бидат прекинати – истакна Си.
Тој, исто така, нагласи дека Владата ќе гарантира донираните средства да бидат целосно употребени за контрола на вирусот.