Даночниците влегоа во фирмата поврзана со хонорарот од 250.000 евра на Лила Филиповска

Сосопственичка на фирмата излезе со тврдење дека Лила Филиповска била посредник за висок хонорар во проект на Боки 13 за пензионерски домови.

4710

Управата за јавни приходи има направено контрола во фирмата поврзана со случајот на Лила Филиповска поради трасакцијата од 250.000 евра, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа рече дека кога ќе заврши целата постапка ќе бидат соопштени детали.

– Ние во конкретната фирма која што беше поврзувана со конкретното физичко лице имаме спроведено и контрола, баш заради оваа трансакција. Исто така, странките беа кај нас на разговор, ни ја објаснија целата ситуација. За подетална информација ќе известиме штом заврши целата постапка – рече Лукаревска.

Сосопственичка на фирмата излезе со тврдење дека Лила Филиповска била посредник за висок хонорар во проект на Боки 13 за пензионерски домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...