Бомба експлодира во автомобилот на грчки издавач на весник

Очевидци ни кажаа дека виделе дека две лица со голем мотор дека го кршат прозорот и фрлија внатре бомба - рече сопственикот на автомобилот за грчките медиуми, веднаш по инцидентот со неговиот автомобил.

61

Додека со пријателите вечерал во таверна во атинска населба, непознати лица фрлиле експлозивна направа во паркираниот автомобил на издавачот на грчкиот весник „Парасинио“, Никос Караманлис, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозијата никој не бил повреден, а била предизвикана материјална штета на возилото.

– Го паркиравме автомобилот пред таверната и кога седнавме внатре, слушнавме експлозија. Кога излеговме, видовме дека гори возилото. Очевидци ни кажаа дека виделе дека две лица со голем мотор дека го кршат прозорот и фрлија внатре бомба – рече сопственикот на автомобилот за грчките медиуми, веднаш по инцидентот со неговиот автомобил.

Тој додаде дека најверојатно сторителите го следеле, бидејќи никој не знаел дека од канцелариите на весникот ќе заминат во конкретната таверна.

Ова е втор напад врз издавачот на грчкиот весник, откако во 2017 непознати лица пред неговиот дом, фрлиле рачна бомба, која не експлодирала

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...