Баба заврши во Градска болница по пад во автобус на ЈСП

448

Со тешки телесни повреди се здобила 77-годишна жена при пад во автобус на ЈСП.

На булеварот „Свети Климент Охридски“, во моментот на отпочнување со движење на автобус на ЈСП од автобуска постојка, управуван од Д.К.(55) од Скопје, на второто ниво во внатрешноста на автобусот паднала патничката М.Ј.(77) од Скопје. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...