Чистачка од Романија украла 60 милиони долари од ќерката на Берни Еклстон

683

Мајка и син се уапсени за кражба на накитот во вредност од околу 60 милиони долари од куќата на богатата наследничка Тамара Еклстон, ќерка на поранешниот прв човек на Формула 1, Бeрни Еклстон.

Марија Местер, 47-годишна хигиеничарка од Романија, е обвинета заедно со нејзиниот син Емил Богран Савастро дека склопила заговор да се изврши кражбата. Двајца мажи кои претходно беа уапсени за грабеж се ослободени, но се под истрага.

Кражбата се случила на 13 декември откако Тамара со сопругот и ќерката отишле во Лапонија за време на божикните празници.

Марија е уапсена на аеродромот, а во тој момент наводно носела 18-каратен дијаманти накит идентичен со оној украден од богата наследничка.

Кај нејзиниот син била пронајдена чанта „Луј Витон“ слична на онаа што Тамара ја пријавила за исчезната. Марија е уапсена на 31 декември, додека Емил Богдан бил уапсен претходниот ден додека се подготвувал да одлета за Јапонија.

Тие се задржани во притвор и би требало да се појават на суд на крајот на месецот.

Полицијата се сомневала од самиот почеток дека станува збор за грабеж што го извршил некој однатре. Работниците на компанијата што се грижи за безбедноста на имотот Еклстон престојуваат таму 24 часа седум дена во неделата, што токму во моментот на грабежот не било случај.

Еден од чуварите го напуштил имотот непосредно пред грабежот, а другиот, наводно, ги исклучил или занемарил сензорите во градината.

За време на 50-те минути додека крадците биле во куќата, успеале да пронајдат два добро скриени сефови во плакарот.

Времето на кражбата исто така е многу сомнително. Кражбата се случила вечерта околу 23 часот, само неколку часа откако Тамара и семејството тргнале на одмор за божикните празници.

Инаку, богатата наследничка и нејзиното семејство живеат во близина на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон во западен Лондон, а соседи им се и сопственикот на Челси, Роман Абрамович и султанот од Брунеи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...