Пендаровски имаше билатерални средби за време на посетата на Полска

91

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Полска, оствари средби со Маршалот на Сејмот (долниот дом на полскиот Парламент), Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот (горниот дом на полскиот Парламент), Томаж Гроцки.

На средбите, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји.

Оценувајќи дека Полска е ценет партнер на Македонија во нејзините напори за членство во Европската унија и во НАТО, Пендаровски повикал на натамошна засилена соработка на парламентарно ниво меѓу двете држави, со цел размена на искуства и унапредување на севкупната билатерална соработка.

Пендаровски се заблагодарил што Полска била меѓу првите земји-членки што го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО и посочил на важноста за одржување и унапредување на динамиката во политичкиот дијалог меѓу двете држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...