Инспекторатот во декември утврдил дека битолската фирма работела законски со медицинскиот отпад

По денешното сознание, на барање на МЖСПП, Државниот инспекторат за животна средина во моментов е на вонреден увид на локацијата.

474

Министерството за животна средина и просторно планирање, дознавајќи од медиумите за одржаната прес-конференција на Инспекторатот на Градот Скопје каде беа изнесени нивни сознанија од извршен увид во работењето на компанијата „Еко клуб“ ДООЕЛ Битола, веднаш изврши увид во издадените дозволи за вршење третман на медицински отпад и воспостави контакт со Државниот инспекторат за животна средина за дополнителни информации во однос на спроведените надзори, имформираат од Министерството.

Од Инспекторатот известиле дека последниот надзор на терен над „Еко клуб“ бил извршен на 12 декември 2019 година каде со записник било констатирано дека компанијата работи согласно законските прописи и издадените дозволи.

По денешното сознание, на барање на Министерството, ДИЖС е во моментов на вонреден увид на локацијата повторно, а за наодите од истиот јавноста ќе биде благовремено информирана“, соопшти МЖСПП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...