Почитувачи на делото на Гоце Делчев денеска во знак на протест ги исвиркаа делегациите на Владата и на претседателот на Македонија кои по повод 148 години од раѓањето на револуционерот, положија цвеќе на неговиот гроб, објави порталот Експрес.
Свиркањето и погрдните извици кон државните делегации, меѓу кои и советникот на култура на експремиерот Зоран Заев, Роберт Алаѓозоски, се случуваше откако официјалниот спикер најавуваше дека делегациите се од Република Севeрна Македонија.
Исвиркани делегациите на Владата и претседателот на Македонија на гробот на Гоце Делчев
Posted by Expres.mk on Вторник, 04 февруари 2020