ГДУ: Зошто обвинителството молчи 45 дена за опасниот отпад

217

Зошто обвинителството молчи 45 дена за случајот со опасниот отпад откриен во погоните на Металски завод? Зошто молчат надлежните институции? До кога во оваа држава поважни ќе бидат бизнисите од граѓаните, прашува ГДУ.

-Ако медиумите не откриеа дека опасен со камион за комунален отпад од кој се цедела крв се пренесувал до Дрисла, дека дел од таа крв завршила во Вардар, а со отпадот се хранеле за преживување кучиња скитници, надлежните ќе си ќутеа, а зарази ќе се ширеа. И најстрашното, никој од институциите немаше да алармира. И токму тука лежи зајакот. Зошто нема ниту предупредување, ниту било каква информација, а сите знаеле.

Сомнежот кој се отвора, дали некој профитирал за сметка на здравјето на граѓаните? Дали компанијата која добивала милионски тендери во времето на Груевски, си ја игра играта и со актуелната власт?

Зошто и од Град Скопје ако имале било какви информации не испратија предупредување до граѓаните, туку чекаа да ги побараат новинарите па да споделат дека располагале со информации па ќе објавеле за неколку дена?! Нема предупредување ниту од Инспекторатот за животна средина.

Бараме целосно да се истражи овој случај, сите жители кои живеат во близина на Металски завод да бидат предупредени за опасноста од ширење на зараза. И пред сѐ, бараме одговорност.

Во оваа држава никој за ништо не одговара, само се бараат изговори и оправдувања дека не треба да се паничи и дека се е под контрола. Но довербата во институциите е толку мала што никој не верува во празните зборови и неуспешни обиди да не убедат дека сме безбедни и сигурни.

Додека во соседни држави се тресат министерски фотелји затоа што си поигруваат со здравјето на граѓаните, во Македонија никој ништо не презема и сите молчат.
Работите мора да се променат. За ГДУ приоритет број еден е здравјето на граѓаните и мерки, а не празни ветувања. Жестоко реагираме и ќе реагираме кога тендерите и бизнис интересите се поважни од здравјето на населението, соопшти ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...