Хрватската амбасадорка во Европската Унија, Ирена Андраси направи гаф со своето (не)познавање на англискиот јазик, при што ја испрати Велика Британија од ЕУ со зборовите „good riddance”. Toa, од прилика, значи – „конечно се ’отарасивме’ од вас”.
Амбасадорката, два дена пред официјалниот Брегзит, претседаваше со последниот состанок меѓу ЕУ и Велика Британија, бидејќи во овој миг Хрватска го извршува шестмесечното претседавање со Унијата.
Хрватската претставничка очигледно мислела дека изразот „good riddance” значи „среќно” и уверуваат дека се работи за грешка, коментираат дипломати кои биле присутни на собирот.
Британските медиуми истакнуваат дека нивниот амбасадор Тимоти Бароу не се навредил, туку тој гаф го сметал за смешен… „Но, историјата ќе забележи дека тоа биле последните зборови кои ЕУ ѝ ги упати на Велика Британија пред излегувањето”, пишува „Фајненшл тајмс“.
Весникот забележува и дека ирскиот амбасадор „се превиткувал од смеење“ кога Андраси го кажала поздравот.