Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи распуштање на Собранието на 12 февруари, како што е најавено, доколку тоа не го направи владејачкото мнозинство, рече на прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
– Ние ќе поднесеме предлог доколку видиме дека владејачктото мнозинство не поднесува. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тогаш ќе знае македонската јавност дали, како, кој бега од избори и зошто бега од тие избори – изјави Мицкоски и додаде дека Заев се обидува по секоја цена да ги одложи изборите.