| Вести денес: 0

Горјан Гилевски повеќе не е ангажиран како советник во кабинетот на Филипче

1726

Министерството за здравство денеска информираше дека Горјан Гилевски повеќе не е ангажиран со работа во ресорното министерство.

– Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството.

Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во ресорното министерство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот – изјави министерот Филипче.

Како што дознава порталот Инфомакс, се работи за Горјан Гилевски, вработен во Министерството за здравство, поточно кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

„На 01.02.2020 во 17.00 часот во Градски парк полициски службеници од СВР Скопје го привеле 27-годишниот Г.Г. откако кај него била пројадена марихуана, а по целосно документирање на случајот, против него бил поднесен и соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...