Белгијанец евакуиран од Вухан заразен од коронавирус

Сите деветмина белгиски државјани ги поминале анализите во Воената болница во Брисел. Кај осуммина од нив тестовите се негативни.

112

Белгијанец, еден од деветмината кои пред два дена се евакуирани од кинескиот град Вухан, е позитивен на коронавирус, соопшти денеска белгиската здравствена агенција.

Сите деветмина белгиски државјани ги поминале анализите во Воената болница во Брисел.

Кај осуммина од нив тестовите се негативни.

Од епидемијата на коронавирус во Кина починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.

Случаи на коронавирус се регистрирани во повеќе од 25 земји, а покрај Кина, најмногу има во Јапонија (20), Тајланд (19) и Сингапур (18).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...