Откривање на вистината за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година и казни за извршителите, побараа денеска учесниците на протетестот пред Кривичниот суд во Скопје.
Стотината граѓани порачаа судот и другите надлежни институции да ја утврдат вистината и да ги казант виновниците за случајот познат и како „Монструм“. Побараа од премиерот Заев да ги открие информациите за овој предмет, за кој велел дека ги поседува додека беше во опозиција.
На протестот не беа присутни најблиските роднини на убиените. Дел од нив и претходно кажаа дека нема да присуствуваат на протестот и оти не сакаат да се злоупотребува смртта на нивните деца.
Учесниците не кажаа кој е организатор на протестот. Велат дека дека се организирале самоницијативно преку социјалните мрежи.
Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.