Заев бара чист мандат за да ги увери граѓаните каков економист знае да биде

709
Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници. На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан.
– Нам не ни требаат нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите – изјави претседателот на СДСМ.
Тој изрази увереност дека е сигурен победник на изборите затоа што граѓаните знаат дека државата оди на правиот пат и дека секоја друга алтернатива ќе значи враќање на државата 25 години назад, а со тоа актуелизирање и на старите проблеми.
– ВМРО-ДПМНЕ 11 години владееше и не направи ниту еден чекор да и помогне на државата. Мицковски од што посакува да биде премиер, не излегува од својата перцепција на работите. За да имате аргументи мора да настапите со понуди, со програма, а тие само не оддалечуваа од НАТО и ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ измислуваше проекти, како „Скопје 2014“ и така направи приватниот сектор да зависи од државните пари. Ние отворивме 60.000 работни места и тоа претежно во приватниот сектор. Во администрацијата вработуваме профсионални кадри. Секој ден ми се јавуваат за нечие вработување, но јас сакам да има критеруми, рангирање на кандидатите за да има место за најдобрите – изјави Заев.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...