Со писмена понуда, Села ќе им нуди коалиција на Беса и Алтернатива

442

Алијанса за Албанците ќе прати писмена понуда до партиите Беса и Алтернатива со цел да ги повика на предизборна коалиција, најави вечерва по завршувањето на централното претседателство, партискиот лидер Зијадин Села. Тој истакна дека оваа понуда е всушност стар договор.

– Ова е став кој датира од вториот круг на локалните избори кога сме пружиле рака и сме се договориле дека кога и да има нови избори, влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии. За нас дадениот збор е важен поради конзинстентноста и сериозноста и пред граѓаните, не е за лични потребни туку за јавен интерес. Да донесеме демократија во албанското општество во Северна Македонија, бидејќи тоа ни фали веќе 18 години со оглед дека живееме во политички монизам – изјави Села.

Алијансата за Албанците ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...