Мицкоски: Експертите да предложат закон за ЈО

261

Обвинителството молчи за крупни случаи кои се поврзуваат со криминал, додека власта пробува да турка закон пред изборите, чиј вистински интерес е да се заштити по изборите од одговорност. И одново власта ја турка земјава во слепа улица, со цел да не дозволи решение кои ќе донесе независно обвинителство кое не само што нема да молчи туку ќе биде главната острица во борбата против криминалот, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

-И сиот лажен наратив на власта за мотивите на опозицијата пропадна бидејќи дека на маса имаме лошо законско решение го потврдија и самите експерти и професори на правниот факултет. Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на парминистри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност.

Потребно е квалитетно законско решение а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела и половина пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство.

Да дадеме шанса на професионализмот, знаењето и искуството на експертите и професорите, што ќе биде база за понатамошно усогласување. Да не креираме законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието – вели Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...