Велешката полиција денеска околу 10 часот го привела 31-годишниот Ѓ.К. кој вчера на Градските гробишта во Велес го застрела 46-годишниот полицаец Е.М.
Како што е наведено во полицискиот билтен, тој со уште три лица физички нападнал полициски службеници при преземање службени дејства, а тројца од напаѓачите биле приведени вчера во полициска станица.