НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, ќе одржат дебата на тема „Омбудсманот меѓу специјалните надлежности и капацитетите: Надворешна граѓанска контрола врз работата на полицијата“, утре во хотелот „Холидеј Ин“, во Скопје, во 10.30 часот.
Главниот фокус на дебатата ќе биде на улогата, надлежностите и капацитетите на Народниот правобранител во воспоставувањето и функционирањето на надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата.
Во дискусијата ќе учествуваат: Иџет Мемети, народен правобранител, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Петар Јорданоски од Советот на Европа, Гордан Калајџиев, ескперт и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Горан Лазаров од Евротинк – Центар за европски стратегии. Дебатата ќе ја модерира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
На овој настан, Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар ќе ја промовира публикацијата: „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“.