Стефан Богоев ќе оди на молитвен појадок кај Трамп

344
Членот на извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе биде во официјална посета на САД, при што ќе учествува на Националниот молитвен појадок, кој ќе се одржи по 68–ми пат, а е во организација на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Богоев ќе има средби со повеќе конгресмени, како и со претставници од Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународниот републикански институт (IRI).
Националниот молитвен појадок обединува повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои зборуваат на различни политички и социјални теми.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...