БИРН проверка на факти: Предвидувањето за инвестициите речиси точно

420

Во средината на октомври, тогашниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев им кажа на новинарите дека „во наредните два до три месеци“ очекува да започнат подготвителни активности „за најмалку пет или шест значајни нови производствени погони“ во земјата.

Заев даде оставка на 3ти јануари за да се формира техничка влада што ќе ги организира предвремените парламентарни избори на 12ти април.

Додека лидерот на социјал-демократите е во трка повторно да стане премиер, БИРН одлучи да ги провери фактите од неговото предвидување и да види колку фабрики беа отворени во Северна Македонија во последното тримесечје од 2019 година.

Четири, не пет

Во текот на третото тримесечје од 2019 година беа отворени три нови фабрики и почна изградбата на уште една, што значи дека краткорочното ветување за инвестиции на Заев за најмалаку пет фабрики беше преоптимистичко, но скоро точно.

Во исто време, три други компании потпишаа договори со владата за отворање на две нови фабрики и еден нов ИТ центар.

На 29ти октомври, турски „Пурпласт“, производител на пластични делови за автомобили, потпиша договор за закуп на развојно земјиште и изградба на фабрика вредна 12 милиони евра. Беше кажано дека градежните работи ќе почнат веднаш и дека фабриката ќе вработи 300 луѓе.

Два дена подоцна, швајцарски „Баумер“, производител на сензори, мерни и навигациски инструменти што се користат во автомобилската и воздухопловната индустрија, отвори нова фабрика во близина на главниот град Скопје.

Инвестицијата изнесуваше 4,7 милиони евра и 150 нови работни места во првата фаза, со планови за поголем развој. Исто така има разговори околу отворање на центар за истражување и развој во земјата, во кој ќе се вработат 500 работници доколку првичната инвестиција се покаже како успешна.

Доаѓањето на два нови производители на делови за автомобили е добар знак за Северна Македонија, земја која веќе има грст фабрики за автомобилски делови, вклучително белгискиот производител на автобуси „Ванхул“ во близината на Скопје.

Привлекувањето на слични компании – што често носат со нив производство со користење на висока технологија и знаење (know-how) со мала цена по животната средина – се гледа како приоритет за земјата каде индустриското производство моментално главно се потпира на загадувачкиот металуршки сектор.

Руси, Германци, Чеси

Ноември помина брз значителни најави за инвестиции, но декември надокнади за претходниот месец

На 11ти декември, руски „Кранфилд фаундри“ отвори нов погон за производство на железо во близината на малиот рударски град Пробиштип на северот од земјата. Владата кажа дека инвестицијата изнесува околу 20 милиони евра, додека сопствениците рекоа дека планираат да вработат околу 300 работници.

Во обраќањето на настанот на отворање на фабриката, Заев рече дека Кранфилд веќе планира да инвестира дополнителни 15 милиони евра за проширување на производството и го нагласи фактот дека употребата на штетни материјали во производствениот процес е строго забранета.

Два дена подоцна, Заев присуствуваше на отворањето на нова фабрика за производство и пакување на месо во близината на Струга на југозападот од земјата. Заедничка македонско-германска инвестиција, 2,2 милиони евра вложени во фабриката, со поддршка на Европската Унија преку предпристапните фондови за рурален развој.

На 19ти декември чешката компанија „Локо Транс“ потпиша договор со владата предводена од Заев за државна помош и планирана изградба на фабрика за производство на вагони во износ од 15-20 милиони евра. Компанијата не кажа кога точно планира да почне со изградбата но истакна дека погонот ќе вработи околу 250-300 луѓе.

Се очекува фабриката да вработи многу квалификувани работници кои претходно работеле во државната компанија „Колска“, што оперира во истиот сектор но се соочува со големи потешкотии поради недостаток на побарувачка.

ИТ ветување

На 23ти декември Заев го посети Прилеп за да присуствува на церемонија на поставување камен-темелкин на нова сточарска фарма „Голд Ленд“. Инвестицијата изнесува околу 4 милиони евра и е исто така поддржана од ЕУ ИПАРД претпристапните фондови за рурален развој.

„Преку ИПАРД и нашата институционална поддршка се грижиме за рамномерен регионален развој,“ рече Заев.

Истиот ден дојде најавата на многу поголема инвестиција, односно поддршка на Владата за планираното отворање на ИТ центар од страна на водечката бугарска компанија за ИТ решенија „СкејлФокус“.

Бугарите кажаа дека се подготвени да инвестираат околу 45 милиони евра во земјата во следните пет години и да отворат 300 работни места.

Како и во многу други земји од Источна Европа и Балканот во последните десет години, ИТ секторот во Северна Македонија постигна брз развој во споредба со други сектори. Владата се надева дека поголеми инвестиции во секторот ќе и помогне на Северна Македонија да го задржи младиот квалификуван ИТ кадар, кој во голем број заминува во странство во потрага по поголеми плати и можности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...