Британија воведува привремена забрана за француските рибари по Брегзит

Како што пренесуваат странските агенции, оваа забрана е издадена заради административни измени по Брегзит, кои, како што се очекува, треба да бидат надминати во наредните денови.

222

Француското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека Велика Британија привремено им забрани на француските рибари да ловат во водите крај Гернзи, остров во Ламанш, во близина на француска Нормандија.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа забрана е издадена заради административни измени по Брегзит, кои, како што се очекува, треба да бидат надминати во наредните денови.

Договорот за слободен пристап до водите кај Гернзи се засноваше на Европскиот договор за риболов, кој автоматски престана да важи по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Претстојат нови преговори меѓу Брисел и Лондон за пост-Брегзит трговски договор.

Локалните власти на Гернзи одлучија да воспостават нов систем според кој рибарските бродови мора да добијат поединечни дозволи за влез во зоната од 6 до 12 милји крај брегот на островот.

Француското Министерство за земјоделство најави дека следната недела ќе биде воведена постапка за добивање на овие лиценци.

„Дотогаш пристапот до водите околу Гернзи е суспендиран за француските рибари“, се наведува во соопштението на Министерството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...