УХМР: Од вторник постудено со дожд и снег

1899

Пониски температури, дожд и снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи од вторник следната недела.

Од УХМР денеска соопштија дека стабилното време со релативно високи температури за овој период од годината ќе се задржи до вторник кога кон крајот на денот ќе настапи промена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и в среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...