На состанокот со членовите на Државната изборна комисија, министерот Чулев потенцираше дека соработката на МВР со ДИК е исклучително добра, при што нагласи дека министерството и во иднина стои на располагање за продлабочување на соработката.
Министерот Чулев ги информираше членовите на ДИК дека, во рамки на законот, Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите активности во насока на обезбедување на слободни, фер и демократски избори, како и во насока на гарантирање на безбедноста на изборите.
Во однос на избирачкиот список, министерот Чулев потенцираше дека од страна на МВР ќе бидат преземени сите законски обврски и истиот ќе биде благовремено доставен до државната изборна комисија.
Тој потенцираше дека во пресрет на изборите сите полициски службеници ќе поминат соодветна обука, а на располагање ќе им бидат ставени дополнителни технички ресурси кои ќе бидат потребни за непречено извршување на работните задачи.
Притоа, беше истакнато дека, како резултат на добрата и успешна соработка со ДИК, взаемно ќе биде потпишан кодекс за начинот на постапување на полициските службеници.
Претседателот на ДИК се заблагодари за добрата соработка со МВР, која е од исклучително значење за размени на информации и успешно спроведување на целиот изборен процес.