Црна Гора: Уапсени 16 лица на 17 локации, меѓу кои и мајката и братучедот на пратеникот Кнежевиќ

Oпозициската „Вистинска Црна Гора“ соопшти дека на аеродромот во Подгорица денеска е уапсен лидерот на таа партија Марко Милачиќ.

1003

Црногорската полиција потврди дека денеска се уапсени 16 лица на 17 локации, меѓу кои се и мајката и братучедот на пратеникот на Демократски фронт во црногорскиот Парламент, Милан Кнежевиќ.

Во полициското соопштение се наведува дека мајката на Кнежевиќ е приведена бидејќи ги омаловажувала полицајците при претресот.

Претходно опозициската „Вистинска Црна Гора“ соопшти дека на аеродромот во Подгорица денеска е уапсен лидерот на таа партија Марко Милачиќ.

Акцијата за апсење е извршена утрово врз основа на судска наредба и притоа биле претресени 17 локации, соопшти Управата на полицијата.

Се наведува дека при претресот било пронајдено и времено одземено нелегално оружје – пушка и два пиштола, одредено количество муниција, средства за комуникација и други предмети. Одземените работи ќе бидат предмет на форензички вештачења.

– Во тек е криминалистичка обработка на сите приведени лица, а во соработка со надлежните државни органи сите кои што ќе стекнат услови за прекршочна или кривична одговорност ќе бидат процесуирани согласно законот, се додава во полициското соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...