Украдени дузина скулптури на Дали во Шведска

67

Најмалку две лица учествувале денеска во кражба во уметничка галерија во центарот на Стокхолм, Шведска, соопшти полицијата. Шведските медиуми потоа објавија дека се украдени 10 или 12 бронзени скулптури на шпанскиот уметник Салвадор Дали.

Според податоците, најмалку две лица провалиле преку прозорец рано утрово и влегле во галеријата. Истражители потоа извршиле увид, но досега никој не е уапсен.

Сопственикот на галеријата, Педер Енстром изјави дека алармот се исклучил по 4:00 часот и полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа.

– Секоја од скулптурите на Дали, висока околу 50 сантиметри, вреди меѓу 21.000 и 52.000 долари – рече Енстром.

Изложбата на скулптурите на Дали траеше 10 дена, а требаше да биде затворена утре. Колекцијата пристигнала од Швајцарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...