Турција поднесе кандидатура за организација на ЕУРО 2024

Турската фудбалска федерација денеска и официјално ја поднесе до УЕФА својата апликација за добивање на организацијата на Европското првенство во 2024 година.

67

Турската фудбалска федерација денеска и официјално ја поднесе до УЕФА својата апликација за добивање на организацијата на Европското првенство во 2024 година.

– Нашата федерација, која аплицира четврти пат по ред, го подготви своето најдобро досие во историјата и обезбеди невидена државна поддршка. Ние ги имаме сите гаранции без никакви ограничувања. Вклучувајќи и голем број дополнителни и иновативни гаранции кои ќе обезбедат финансиски успех на турнирот и на тој начин ќе имаат корист сите национални асоцијации на УЕФА. Дојде нашето време, изјави претседателот на турската федерација Јилдирим Демиререн.

Претходно, апликација до УЕФА за домаќин на ЕУРО 2024 поднесе и Германската фудбалска федерација.

УЕФА во наредните недели ќе почне да ги оценува апликациите, а до септември 2018 ќе подготви и објави извештај за евалуација за секој кандидат.

Земјата домаќин ЕП 2024 ќе биде избрана на 27 септември со гласање на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...