ГДУ: Ни претстојат ли уште едни предвремени но наместени избори? ВИДЕО

354
Република Македонија е земја за пример во светски рамки која повеќе од
10 години нема спроведено попис на своето население. Во наше друштво
почитувани, замислете се наоѓа и Сомалија. Без регуларно спроведен попис
на населението, спроведен согласно македонското законодавство и во
согласност со европската пракса и понатаму се остава простор за сомнеж
во Избирачкиот список, рече на прес-конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.- Да ги потсетиме господата Заев и Спасовски како и госпоѓата Шекеринска
дека очекуваме Амди Бајрам и на овие избори да ги посети бутелските
гробишта, објавувајќи дека сите тие гласале за нив. Горе споменатите
дами и господа ги прашуваме после 3 години на власт, дали има мртви души
во Избирачкиот список, дали се имплементирани препораките на ОПСЕ и
ОДИХИР или пак дали веќе се договорија со нивните демек политички
противници колку ќе си ги поделат и како, гласовите на мртвите души во
списокот?Што се случува со основната задача на техничката влада да спроведе
демократски и чесни избори во духот на европските вредности? Имајќи
предвид дека техничката влада се занимава со службени возила,
обезбедување на функционери, кариерен развој на државни службеници како
и разни коруптивни пракси и сѐ друго што е од сферата на Јавното
обвинителство, тогаш дали тоа значи дека Јавното обвинителство ќе биде
тоа кое што ќе ги организира изборите во Република Македонија и ќе има
директно влијание врз изборните резултати – праша Попоски.ГДУ вели дека повеќе од 30 години политичката елита нема волја да спроведе чесни и демократски избори, нема волја да го промени изборниот модел како и да се спротистави на незаконското финансирање на
политичките партии и кампањи.

– Дали ни претстојат уште едни предвремени но наместени избори? Одговорот
на ова прашање почитувани сограѓани е во ваши раце. Затоа излезете на
претстојните парламентарни избори, масовно дајте и црвен картон на
политичката елита и со вашата активност минимизирајте го влијанието на
мртвите души во списокот на купени гласови на изборите и не дозволувајте
друг да гласа во ваше име – истакна Попоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...