Гостиварската полиција вчера попладне добила пријава од родител од гостиварско село, кој рекол дека неговата малолетна ќерка била заведена од 54-годишен наставник.
Според пријавата, наставникот го повикал малолетното девојче во празна училница во училиштето во кое учи по што ја прегрнал и ја бакнувал.
Наставникот бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и за целосно расчистување на настанот.