Манчевски ги сликаше пратениците, Џафери го испокара Заев

2335

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, денеска доби укор од собранискиот претседател Талат Џафери затоа што на седницата на пратенички прашања ги сликаше пратениците на опозицијата кога координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, реагираше дека во салата се присутни само 13 членови на Владата, а дека Деловникот бара присуство на целата Владата.

Џафери, му порача на Заев да преземе мерки, а на Манчевски му нареди да ја избрише фотографијата.

-Седете долу и избришета ја снимката што ја направивте. Премиер, ве молам преземете мерки поради однесувањето на вашите министри. Ова е последно предупредување- рече Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...