Таа е најплатената љубовница на светот: Заработува 4.000 фунти дневно! ФОТО

Луксузот ѝ го овозможува тоа што му е љубовница на саудискиот принц.

2435

Убава е, млада, згодна и има сè што ќе посака. Оваа украинска убавица живее мошне неконвенционален живот.

Нема сомнение дека 21-годишната Јана Орфева е многу атрактивна девојка.

Оваа млада манекенка заработува огромни пари, што и овозможува луксузен живот. Всушност, луксузот ѝ го овозможува тоа што му е љубовница на саудискиот принц.

Јана последните две години живее на овој начин, а од парите што ги заработува ќе ви заврти во глава. Таа дневно заработува 4.000 фунти, односно 30.000 фунти неделно.

И покрај многуте пари кои ги добива, саудискиот принц, кој е мултимилијардер, ѝ подарува и скапи подароци, скапоцени автомобили, но и луксузни патувања.

И тука не е крајот на подароците на принцот. Тој на Јана неколку пати ѝ подарил повеќе од 115.000 фунти, а убавицата од тие пари купила луксузни станови во Киев и Москва.

Пријателите на Јана велат дека убава и добра, но и разгалена. Активна е на Инстаграм, каде има повеќе од 70.000 фанови, кои секојдневно ги известува за деталите од својот луксузен живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...