Кинезинката што со прсти кинеше и јадеше лилјак, јавно му се извини на светот ВИДЕО

Многумина во коментари ја обвиниле Ванг дека со видеото шири опасна порака затоа што ги охрабрува луѓето да го јадат тоа месо.

667

Оваа кинеска блогерка се нашла во непријатна ситуација откако нејзината снимка се појавила на социјалните мрежи во која што ужива во супа од лилјак, среде епидемијата на новиот смртоносен вирус, чие потекло се поврзува токму со месото од лилјакот.

На снимката објавена во 2017 година се гледа како популарната блогерка Ванг Менгјун јаде зготвен лилјак некаде во архипелагот на Пала во западниот дел на Пацифичкиот океан.

Блогерката го покажува животното во чинијата по што зема од сосот и го јаде.

„Лилјакот има многу свеж вкус, како пилешко месо“, вели таа на снимката која станала вирална откако кинеските научници открија дека новиот коронавирус кој досега усмрти 132 луѓе потекнува токму од месото од лилјак.

Многумина во коментари ја обвиниле Ванг дека со видеото шири опасна порака затоа што ги охрабрува луѓето да го јадат тоа месо.

Таа се извинила, наведувајќи дека „само се обидувала да го претстави животот на локалните луѓе“.

„Не знаев дека лилјакот е примарен извор на вирусот… Навистина не сум ја проверила таа информација ниту пак ја објаснив неговата опасна природа“, напишала Ванг и ветила дека повеќе никогаш нема да јаде диви животни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...