Димитров – Рот: Фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома

67

Во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин,  министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот.

На средбата се направи рекапитулар на актуелните состојби во Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

– Во неколку наврати изминатава година и пол бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ преговори со Северна Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во Регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука – нагласи Димитров.

Министерот Рот истакнал дека  ја споделуваат разочараноста заради неможноста С. Македонија да го направи заслужениот чекор напред.

– Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома – рекол Рот.

Димитров се сретнал и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на Канцеларката Ангела Меркел. На средбата била истакната недвосмислената поддршка на кабинетот на Канцеларката Меркел за отворање на пристапните преговори со С. Македонија.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...