За пасош ако закажете денес, ќе се сликате во средина на март

Доколку се јави пречекорување на законскиот рок за издавање, а тоа е 15 дена од денот на аплицирањето, од страна на Mинистерството на поплака од граѓанин соодветно се реагира, појаснуваат од МВР.

1202

Пасошите се издаваат согласно законскиот рок за издавање, а тоа е 15 дена од денот на аплицирањето. Законскиот рок за издавање пасош во итна постапка е 48 часа од часот на поднесувањето на барањето за издавање пасош, велат од МВР и додаваат дека сега-засега нема пречки во издавањето на овие лични документи.

Доколку се јави пречекорување на законскиот рок од страна на Mинистерството на поплака од граѓанин соодветно се реагира, појаснуваат од МВР.

На граѓаните од Скопје кои вчера се јавувале да закажат термин за вадење пасош, од Кол-центарот им се закажуваат термини веќе за 10. и 12. март годинава.

Дилемите во врска со издавањето на овие лични документи се појавија во јавноста откако министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, пред два дена изјави дека фалат обрасци за лични документи поради лоши планови и анализи во МВР.

Таква, според него, е ситуацијата со пасошите, а недостигале и возачки дозволи кои се најавени за крајот на месецов. Проблемот е решен само со личните карти. Чулев рече дека за пасоши има обрасци до средината на февруари, согласно планот и лошата анализа која е направена во МВР, а патните исправи треба да стасаат на крајот на март.

– Сега ќе правиме дополнителни напори за да се надмине тој проблем. Во анализите  не е предвидено дека ќе има зголемено побарување поради неколку причини. Како прво – имаме избори за кои се знаеше уште порано. Второ, за оние документи што се извадени во 2009-та и по 10 години истекуваат и треба да се сменат. Третата причина е што владата воведе подигање лекови со документи, поради што, исто така, има зголемена потреба од нови лични документи – изјави Чулев.Лани бил склучен договор за набавка на обрасци за документи за следните две години вреден речиси 20 милиони евра. Според Чулев, дадена е наредба и внатрешната контрола проверува дали и последниот јавен оглас за набавка на обрасци за лични документи е спроведен законски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...