Спасовски го моли Чулев да не им ги ускрати бонус платите на полицајците

3166

Премиерот Оливер Спасовски потврди дека во МВР имало исплата на обештетувања, но во најголем дел, преку 90 проценти се однесуваат на исплата на бонус плата за работење прекувремена работа.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека четири милиони евра годишно се трошеле додека бил министер за обештетување на вработени кои го тужеле МВР и го добиле процесот, Спасовски на прес-конференција информира дека во Министерството се трошат многу повеќе од четири милиони евра поради тоа што има поголем буџет и ако сакаме да имаме безбедна држава, подвлече, треба да знаеме оти тоа чини пари.

– Оваа 2019 година е прва по многу години во која МВР не пренесува долг за 2020 година и прва година во која јас и мојот тим тогаш, во МВР обезбедивме бонус плата за секој вработен што работел повеќе од 150 часа прекувремено во текот на годината, сѐ со цел да нема можност за тужби и дополнителни трошоци за државата, односно за МВР. Ако не ги дадеме тие пари сега за тоа што го одработиле македонските полицајци, треба да ги дадеме преку судски одлуки – укажа премиерот Спасовски.

Тој апелираше до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да ги потпише одлуките и решенијата со кои ќе се исплати оваа бонус плата и со тоа, како што истакна, да бидат задоволни полицајците и да бидат повеќе мотивирани за да имаме сите подобра безбедност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...