Од домот на Јанева била одземена чанта „Луј Витон“

4924

Чанта „Луј Витон“ била одземена при претресот од домот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, соопшти денеска обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето за „Рекет“ на кое се изнесуваат материјални докази.

Гарнитура, две фотелји, мобилен телефон, УСБ, нотес, скинат лист од роковник, а од домот во Гевгелија на Јанева се одзмени лаптоп, УСБ и тефтер. Од претресот на канцеларијата на Јанева во СЈО биле одземени лап топ, ДВД рекордер, два надворешни хард дискови, 9 USB, документи за истрага, отпусно писмо за болничко лекување и фискална сметка за истото.

Од Зоран Милески-Кичеец биле одземени мобилни, лаптопи, рачни часовници, документи итн.

Во доказите за предметот „Рекет“ се и снимките кои ги објави италијанскиот медиум.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...