Хрватската манекенка шокира: Поранешниот сакаше да ме убие, цела сум со модринки ФОТО

- Ја бранев од неа самата, не сакав да се повреди - тврди Фаволосо, што Нина ја испровоцирало па изнела низа обвиненија против нејзиното поранешно момче.

1491

Нина Мориќ (43) објави на Инстаграм потресна фотографија со огромна модринка на долниот дел на грбот како и преписка со поранешното момче Луиџи Марио Фаволос (32) во која го обвини за злоставување.

Хрватската манекенка, која живее во Милано, Италија, го прозва својот поранешен партнер за насилство врз неа и нејзиниот син Карлос Марио (17), кого го има со неговиот поранешен сопруг Фабрицио Корона (45).

– Ја бранев од неа самата, не сакав да се повреди – тврди Фаволосо, што Нина ја испровоцирало па изнела низа обвиненија против нејзиното поранешно момче.

– Да, ме бранеше од мене самата удирајќи ме – тврди манекенката. Таа напишала дека тој „не само што ја удрил, туку сакал да ја убие“. Во другата порака, Нина тврди дека нејзиното поранешно момче било насилно и кон нејзиниот син.

– За среќа, се фрлив врз син ми за да го заштитам, но му остана модринка на челото – тврди Нина. Таа ги објавила пораките од нејзиното поранешно момче во кои тој тврди дека таа кон него била студена.

„Најдов доктор кој ќе ми помогне. Сакам да знаеш што чувствувам кон тебе“,ѝ пишувал Фаволосо и ја молел да му даде втора шанса, но Нина не се согласила и му одговорила кратко:„Ти си луд“. Луиџи Марио негираше сè во италијанските медиуми.

FOTO: Instagram/Printskrin

FOTO: GrandeFratello/screenshot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...