Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди заканите упатени кон новинарката на ТВ 21 Алмедина Исмајли од страна на доскорешен член на Алијансата на Албанците.
„Безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Секој вид на напад, вклучително и вербалниот, на новинарите е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество.
Агенцијата во повеќе наврати досега има апелирано да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“ се вели во осудата.