Со нова автобуска рута означен старот на туристичката сезона во Скопје

Шилегов нагаси дека Градот ќе ги продолжи своите активности за  развој на туризмот во Скопје и подобрување на условите за сите негови посетители.

229

Стартот на новата турситичка сезона Скопје 2018 во главниот град беше означен со промоција на новата туристичка автобуска рута.

Новата рута се реализира во рамки на „Сити тур бас“ (CITY TOUR  BUS) преку ЈСП Турс и истата има за цел да ги презентира сите културни и туристички знаменитости на Скопје, со акцент на богатството на културни и религиозни разлики, мулти-етничноста, Старата скопска чаршија со сите свои специфики од занаети до кулинарство, архитектурата на Кензо Танге поврзана со земјотресот и Скопје како град на солидарноста.

– Го враќаме стариот сјај на Скопје истовремено збогатувајќи ја туристичката понуда на градот со модерни содржини кои реално ќе привлечат нови туристи. Нашата цел е новите туристи по посетата на Скопје во своите краеви да понесат пријатни искуства достојни за угледот на нашиот град, по примерот на другите европски и светски метрополи. Придобивките на новата туристичка сезона за оваа година опфаќаат и промоција на Парк шумата Водно и Матка како еко-оази на градот, Жичницата на Водно, како и промоција на настаните кои ни претстојат од типот на Виз Ер Скопскиот маратон кој ќе се одржи 6-ти мај, трката на Водно „Прв до Врв“ која ќе се одржи на 20-ти мај, Скопското лето, како и ред други настани кои Скопје го прават бренд со кој сите се гордееме – кажа Шилегов.

Тој додаде дека Градот ќе ги продолжи своите активности за  развој на туризмот во Скопје и подобрување на условите за сите негови посетители.

– Напорно работиме на унапредувањето на туризмот во градот и ве уверувам дека со малку креативност ќе станеме пристојна туристичка дестинација. Скопје има голем неискористен потенцијал за развој на туризмот кој мора да се искористи и ќе се искористи на вистински начин на кој сите придобивки најмногу ќе ги почувствуваат граѓаните на Скопје – рече Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...