Американските власти соопштија дека е откриен најдолгиот тунел за шверцување на југозападната граница, што се протега на 1.313 метри од мексиканскиот град Тихуана до Сан Диего.
Почетокот на тунелот е во индустриско подрачје во Мексико, соопшти американската царинска и гранична служба.
Како што е наведено, откако е откриен тунелот кон крајот на август минатата година, мексиканската полиција го пронајде влезот, а работни групи во Сан Диего почнаа да прават мапа на тунелот од Мексико.
Вториот најдолг тунел во САД, кој се протега на 904 метри, беше откриен во Сан Диего во 2014 година.