Долгата историја на кризи во ЕУ

67

Брегзит станува реалност по три и пол години на 31 јануари, и со него продолжува долгата линија кризи што ја обележаа историјата на Европската унија.

Француска „празна столица“

На 1 јули 1965 година, Франција предизвика т.н. криза на „празна столица“ одбивајќи да учествува во работата на европските институции седум месеци во врска со конфликтите околу финансирањето на Заедничката европска политика.

Франција, исто така, беше во центарот на друга криза – Шарл де Гол двапати стави вето на пристапувањето на Велика Британија во 1963 и 1967 година, оставајќи ја Велика Британија да влезе во Унијата дури во 1973 година.

„Сакам да се вратат парите!“

Од 1979 година, британската премиерка Маргарет Тачер инсистираше да добие попуст на износот што Велика Британија го плаќа во буџетот на ЕУ, повторувајќи го изразот „Ги сакам своите пари назад“. Ги доби во 1984 година.

Данците го отфрлија Мастришкиот договор

Договорот од Мастрихт, што ја основаше Европската унија и ги постави темелите за воведување заедничка валута, беше одбиен на референдум во Данска на 2 јуни 1992 година. Со обезбедување на исклучоци за воведување на еврото и европската одбрана, Данците го прифатија договорот на нов референдум на 18.05.1993 година.

Французите го усвоија договорот со тесно мнозинство од само 51 процент.

Оставка на Комисијата на Сантер во 1999 година.

Европската комисија, предводена од Жак Сантер, поранешниот премиер на Луксембург, поднесе оставка на 16 март 1999 година, под обвинение за корупција. Беа на функција од 23 јануари 1995 година.

Санкции за Австрија

Во февруари 2000 година, Европската унија воведе санкции за Виена, откако екстремно десничарската партија Слобода (FPOe) се приклучи на австриската влада. Ова беше првпат една членка да биде санкционирана. Билатералните односи на 14 земји-членки со Австрија беа замрзнати неколку месеци.

Таа партија повторно влезе во владата на 16 декември 2017 година, но овој пат не предизвика гневна реакција од Брисел.

Пропаста на Европскиот устав

Франција го отфрли првиот европски устав на референдумот на 29.05.2005 година, што претходно беше ратификуван во девет земји. На 1 јуни, Холанѓаните гласаа против.

Документот беше „погребан“, но некои од неговите елементи се воведени со Договорот од Лисабон, што стапи во сила на крајот на 2009 година.

Грчки долгови

Грчкиот долг достигна такви пропорции во 2009 година што земјата беше пред банкрот. Европа се плашеше од „грегзит“. Од 2010 година, Грција беше присилена во неколку меѓународни програми за спасување, условени од штедење, што предизвика масовни протести и земјата падна во години на депресија.

Должничката криза ги зафати и Ирска, Шпанија, Португалија и Кипар.

Мигрантската криза

Пристигнувањето на повеќе од милион луѓе на грчкото и италијанското крајбрежје ја потресе Европската унија во 2015 година, растргната меѓу повиците за затворање на нејзините граници и покажување солидарност со луѓето што бегаат од војни и сиромаштија на Блискиот исток и Африка.

Повеќе од 19.000 луѓе загинаа од 2014 година, обидувајќи се да стигнат до Европа.

Унгарија, Полска и Чешката Република, категорично одбија да се согласат за планот за повторен ангажман на баратели на азил од Италија и Грција, на кој Европејците се силно поделени.

Брегзит

Велика Британија на референдумот за 2016 година одлучи да ја напушти Европската унија. Започнаа тешки преговори, кои требаше да завршат со развод на 29 март 2019 година.

Првата верзија на договорот, која Брисел ја склучи со тогашната премиерка Тереза ​​Меј, е одбиена трипати во британскиот Парламент, и поради тоа неколку пати беше одложуван датумот за брегзит.

Нејзиниот наследник, Борис Џонсон, постигна нов договор со Брисел кон средината на октомври 2019 година. По новата смена во датумот на излегување на 31 јануари, 2020 година, тој доби убедливо мнозинство во Парламентот на предвремените избори во декември, што конечно дозволи да биде ратификуван Договорот за повлекување.

За првпат, Европската унија ќе остане без една земја-членка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...