Томас Болики, истражувач за глобално здравје, економија и развој, во Советот за надворешна односи во Вашингтон, изјави дека досега околу 44 илјади луѓе само во Кина може да се заразени од новиот коронaвирус, и критична вакцина против болеста се очекува за три до четири месеци.
На панел одржан денеска на тема ширење на болеста и мерки за нејзино спречување, Болики укажа дека засега постои одржлива епидемија на вирусот во Кина и негово ширење во други земји.
Вакцина против вирсот, во научната литература означуван како „2019-nCov“ сѐ уште не е развиена. Вирусот се шири по воздушен пат преку дишните органи. Досега се починати над стотина луѓе.
– Кина и Центарот за контрола и превенција на заболувања (ЦДЦ) имаат архива на многу добро разработени генетски секвенци и развојот на вакцината оди добро. Почеток на критичните тестови за вакцинација проив вирусот очекуваме за три до четири месеци. За девет месеци до една година пак, очекуваме да започне втората фаза на сеопфатна вакцинација – изјави тој.
Тој укажа дека голем дел од вакцина тестовите досега биле неуспешни.
Американскиот владин центар укажува дека најдобар начин за заштита е да се избегне изложување на болеста.
Се препорачува миење на рацете со сапун во траење од барем 20 секунди. Да не се допираат носот, очите или устата со немиени раце (на пример, по допирање на разни предмети како, кваки, рачки од врати или други површини). Да се избегнува контакт со заболени поединци и да се остане дома во случај на болест. Потоа, да се користат салфетки кога се кива или кашла, и тои да се фрлаат во канти за ѓубре, но и да се чистат и дезинфицираат често допирани предмети и површини.
Во Вухан и други градови во областа, каде е епицентарот на појавата на вирусот, кинеските власти го затвориле јавниот сообраќај за автобуси, метро, возови и меѓународни аеродроми.
Од ЦДЦ истакнуваат дека со овие мерки можат да бидат опфатени и други места во Кина и затоа препорачуваат во овој период да се избегнат патувања во оваа земја.