Рома ќе игра без поддршка на своите фанови на две следни гостувања во европските купови, објавија италијанските медиуми.
Ваква казната ќе добие „римската волчица“ од Европската фудбалска федерација поради инцидентите предизвикани од римските навивачи пред натпреварот со Ливерпул во вторникот, пишува во реномираниот весник „Газета дело Спорт“.
Во инцидентите што ги предизвикаа навивачите на Рома, со тешки повреди на главата во болница е префрлен еден навивач на Ливерпул.
УЕФА веќе започна истрага, откако ги доби сите извештаи од надлежните.